Од 539 тестирања, регистрирани 83 нови случаи на ковид-19

Во последните 24 часа се направени 539 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на заболени од ковид-19, информираат од Министерството за здравство.

Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје – вкупно 34, а следен град по број на нови случаи е Кочани, со 9 пациенти. Во Штип се регистрирани 6 нови случаи, во Тетово, Струмица и Валандово по 5 случаи. Во Делчево има 4 новодијагностицирани со ковид-19, во Куманово, Струга и Велес по 3, а во Охрид, Гевгелија, Крива Паланка Радовиш, Берово и Виница по еден нов случај.

Во изминатово деноноќие починале се 4 лица од ковид-19, три пациенти од Скопје (66 г., 88 г. и 62 г.) и еден од Тетово (7 3г.).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 146 оздравени пациенти од: Скопје – 52, Куманово – 14, Штип – 7, Прилеп – 5, Тетово – 4, Струга – 2, Велес – 3, Битола – 3, Охрид – 1, Кавадарци – 6, Гостивар – 7, Гевгелија – 3, Струмица – 7, Крива Паланка – 3, Радовиш – 2, Кочани – 12, Македонски Брод – 1, Виница – 1, Делчево – 4, Свети Николе – 5 и Кичево – 4.

Досега во земјата се направени вкупно 195.541 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 18.873, бројката на оздравени пациенти е 15.487, на починати е 760, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.626.