Облачно време, попладне со слаб локален дожд

-

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, попладне ќе биде значително облачно со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од два до седум степени, а дневната од 11 до 22 Целзиусови степени.

Во Скопје слично веме, утринската температура ќе достигне до пет, а дневната температура до 20 Целзиусови степени.

Утре во попладневните часови ќе има локални врнежи од дожд со ретки грмежи. Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање со повисоки дневни температури. Од недела нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност, која ќе предизвика нестабилно време со обилни врнежи од дожд, локално во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.

Контраспин: Укинувањето на балансерот никако не може да биде тежок удар врз Уставот

Правната одлука за т.н. балансер, во насока на усогласеност на правните акти на државата со Уставот, може да биде само поттик на принципот на еднаквост во мултиетничко општество, бидејќи...