Облачно и ветровито време, со дожд во ноќните часови

Времето денеска ќе биде променливо облачно и ветровито, со повремен локален дожд во западните и во северозападни делови на земјата.

Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, кој ќе достигнува брзина помеѓу 50 и 70 километри на час. Во вечерните часови се очекуваат дождови на целата територија на земјата, но поинтензивни ќе бидат во западниот и во северозападниот дел.

Минималната температура ќе се движи од 2 до 8 Целзиусови степени, а дневната од 13 до 20  степени.

Во Скопје и во околината се очекува слично време со температура до 16 Целзиусови степени.