Објавен конкурсот за упис во средните училишта, има 30.053 слободни места

Средно училиште „Јосип Брзо Тито“ | Фото: Архива на Мета.мк

Министерството за образование и наука (МОН) го објави конкурсот за упис во средни училишта во учебната 2021-2022 година. Согласно конкурсот, во 109 средни училишта има вкупно 30.053 слободни ученички места во 913 паралелки, од кои 19.602 во стручно образование во 604 паралелки, 9.261 во гимназиско образование во 274 паралелки и 1.190 ученички места во 35 паралелки во уметничко образование, спортска академија, спортска гимназија и математичко – информатичка гимназија.

Оваа година отворени се 97 дуални паралелки со зголемен обем на практична обука за 2.001 ученик. Од нив, 11 паралелки се од веќе постоечки програми, додека дури 86 паралелки се резултат на нови соработки помеѓу училишта и компании кои изразија подготвеност да примаат ученици на практична обука директно на работно место.

Конкурсот може да се погледне на следниов линк.