На Пелистер пронајдено тело на починат планинар

Починатиот планинар од Скопје бил пронајден кај месноста „Ловечка куќа“ на Пелистер на надморска височина од околу 2.000 метри

Пелистер / Niki Gango, CC BY-SA 3.0 , via Wikimedia Commons

На планината Пелистер денеска е пронајдено тело на починато лице, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Починатото лице – повозрасен планинар од Скопје, со иницијали А.С., било пронајдено кај месноста „Ловечка куќа“ на Пелистер на околу 2.000 метри надморска височина.

Како што информира ЦУК, за случајот е известена Дирекцијата за заштита и спасување од Битола, чиј тим за интервенции во планински услови ќе биде ангажиран за телото на починатото лице да биде транспортирано до првото место каде може да дојде возило на Итна медицинска помош за да го преземе.

Увид на местото на настанот треба да изврши екипа на Министерството за внатрешни работи (МВР).