fbpx
Таг: Пелистер

таг: Пелистер

Хелсиншки комитет за човекови права: Итно да се истражи и санкционира полициската бруталност врз навивач

Видео снимката на полициска бруталност врз припадник на навивачката група „Чкембари”, која пред неколку денови се прошири на социјалните мрежи и медиумите, покажува дека употребата на прекумерна физичка сила и средба за присилба продолжува да биде честа практика на полицијата, соопшти Хелсиншкиот комитет за човекови права. „Покрај бројните залагања на државата да ја елиминира тортурата и нехуманото постапување спрема граѓаните...

Земјотрес од 2,8 степени по Рихтер утрово во битолско-преспанското подрачје

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје, утрово регистрирала земјотрес на 106 километри јужно од Скопје, кој потекнува од епицентрално подрачје Битола. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот се случи во 6.15 часот, а имал Рихтерова локална магнитуда ML2.8 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Земјотресот е почувствуван од населението во Битола, Ресен и околината.

212 милиони евра завршиле во пет фирми за ископ на јаглен во РЕК Битола и во РЕК Осломеј

ЕЛЕМ платиле 161 милион евра на „Трансмет“, „Силекс неметали“, „Пелистер“, „Гранит“ и на „Марковски компани“ за ископ на јаглен и на јаловина во РЕК Битола, од 2012 до август 2017 година, информираше денеска на прес-конференција директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски. Тој додаде дека во истиот период, поради недостиг и неисправност на сопствената механизација, во РЕК Битола и во РЕК Осломеј била ангажирана и...

Шестмина полицајци повредени по натпреварот Брегалница – Пелистер

Шестмина полицајци се повредени откако се обиделе да спречат физичка пресметка помеѓу навивачите на фудбалските клубови „Брегалница“ и „Пелистер“. Битолските „чкембари“ сакале да се пресметаат со штипската „фаланга“ по фудбалскиот натпревар кој нивните тимови го играа вчера во Кочани и заврши нерешено. „Автобус со навивачи на „Пелистер“, кој бил на заминување, застанал по поминати стотина метри и од него излегле 20-30 навивачи...

Деца од Кумановско заминаа на бесплатно зимување на Пелистер

Утрово на бесплатно зимување на Пелистер замина група од 67 деца од Кумановско. Ова зимување е во рамки на проектот на Министертвото за труд и социјална политика за користење бесплатна услуга за одмор и за рекреација на деца од семејства во социјален ризик и деца корисници на посебен додаток.  

Средба Ковачевски – Лосон: Поддршка од Обединетото Кралство за реализација на стратешките цели

Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со Метју Лосон, новиот амбасадор на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во нашата држава, информираат од владината прес-служба. На состанокот е потврдено...