Милчо Манчевски почна со снимањето на петтиот филм, „Бикини“

-

Режисерот Милчо Манчевски во Њујорк почна со снимањето на петтиот по ред долгометражен филм со наслов „Бикини“, соопштуваат од продуцентската куќа „С-прес“.

Филмот, кој е по сценарио и во режија на Манчевски, влегол во последните фази на претпродукција и снимени се почетните материјали, а првата клапа, според планираното, треба да падне на 9 мај.

„Новиот филм е за Бикини, харизматична, темпераментна и неспокојна поранешна жена-маринец, која се враќа од Ирак и ненамерно станува центар на документарен филм, додека се обидува одново да се интегрира во општеството и да си го поврати старателството врз малата ќерка“, велат од „С-прес“.

Во главната улога настапува Кондола Рашад, позната од новата ТВ-серија во САД „Милијарди“ и од бродвејската верзија на Шекспировата „Ромео и Јулија“ со Орландо Блум. Другите главни улоги Манчевски им ги доделил на актерите во подем Сара Голдберг, Вил Џеновиц и Сатја Сридхаран.

„’Бикини’, како и моите досегашни филмови, зборува за природата на вистината, лагата и на илузијата. Филмот ќе го има мирисот на Њујорк, се снима на повеќе локации во градот, кој ми е втор дом и многу го сакам. Имаме извонредно талентирана екипа, и актерска и филмска. На овој филм се изборив за апсолутна креативна слобода, без мешање од финансиери, продуценти или политичари, со целосна доверба и со хармонична соработка. Ова е еден од ретките американски филмови каде што авторот има право на „фајнал кат“ (право на финална верзија)“, вели Манчевски.

Манчевски досега сними четири филма во Македонија како европски копродукции, финансирани од владите на Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Шпанија, Бугарија и од „Еуримаж“, во кои земјава учестуваше со една петтина од целокупниот буџет.

Неговите македонски филмови „Пред дождот“, „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“ ја презентираа македонската култура на сите шест континенти, со комерцијална дистрибуција во повеќе од 50 земји, проекции на повеќе од 200 фестивали и со повеќе од 40 меѓународни награди, меѓу кои и „Златен лав“ во Венеција и номинација за „Оскар“.

Манчевски предава филмска режија на постдипломските студии во Њујорк.

МВР со детали за сообраќајката кај Кичево: Меѓу загинатите двајца сопружници од Гостивар, повредени се и малолетници

Тешката сообраќајна несреќа со трагични последици се случила на 18 април околу 20:40 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на местото викано „Сеферов бунар“, соопшти СВР Охрид. Во несреќата...

ADN-Balkans го осуди нападот врз новинарка на „Истиномер“ додека известуваше од протест во Белград

Мрежата против дезинформации за Балканот (ADN-Balkans) остро го осуди физичкиот напад врз новинарката на српскиот сервис за проверка на факти „Истиномер“, кој се случи на 15 април додека таа известуваше од...

Посебен сообраќаен режим за Велигден во Скопје – кои улици ќе бидат затворени?

По повод големиот христијански празник „Воскресение Христово – Велигден“, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен режим на одредени улици во главниот град. Промените ќе се...

Маркетите ги објавија цените на производите, споредбата е исклучително комплицирана

Поголемите маркети во Македонија ги објавија малопродажните цени на своите веб-страници почитувајќи ги измените на Законот за заштита на потрошувачи кои стапија на сила вчера. Но, од практичен аспект, иако цените...

МВР со детали за сообраќајката кај Кичево: Меѓу загинатите двајца сопружници од Гостивар, повредени се и малолетници

Тешката сообраќајна несреќа со трагични последици се случила на 18 април околу 20:40 часот на магистралниот пат Кичево – Гостивар, во близина на местото викано „Сеферов бунар“, соопшти СВР...