Метаверзум платформа во која се креираат дизајнерски прачиња облека е најкористена социјална мрежа во Јужна Кореја

Фото: Charles Deluvio, Unsplash

Иако во повеќето земји од светот и кај поголемиот дел од популацијата се актуелни социјалните мрежи како Инстаграм, Твитер, Тик Ток, постои голема група на млади луѓе кои најмногу користат платформи дел од метаврзумот каде што може да се проверува и негува аватарот на корисникот.

Аватар или дигитална мини пресликана фигура на човекот кој е корисник на платформата е алатка која може да се облекува, работи, пазарува, дружи и живее во виртуелен свет.

„Мојот аватар е она што јас сакам да бидам во одреден ден“, вели Моника која е потпишана како Моника Квин на Јужно корејската популарна социјална мрежа и апликација наречена Зепето (Zepeto), пишува Би-би-си.

Зепето работи на начин што корисниците се фотографираат и потоа се формира аватар што наликува на нив од фотографијата кој подоцна може да се менува и уредува според желбите на корисникот.

„Во вистинскиот свет, не е едноставно да ја скратиш косата и да ја пораснеш пак, но во дигиталниот свет сето тоа е лесно и возможно со само еден клик. Има облека што не можам да си дозволам да ја носам во вистинскиот свет, но тука можам да си дозволам се“, раскажува Моника за британскиот медиум.

Нејзиниот аватар во дигиталниот метаверзум дизајнира парчиња облека кои ги купуваат и носат други аватари, на овој начин таа заработува месечна сума од шест цифри. Она што е интересно тука е што и бреднови како Гучи, Диор и Ралф Лорен панираат да се приклучат кон лансирање на свои продукти преку овој дигитеален свет на Зепето.

Моника Квин е позната инфлуенсерка која дизајнира дигитални парчиња облека. Ова ги инспирирално креаторите на платформата да направат конкурс за доделување стипендии за училиште за моден дизајн што има свое име: “Instituto Marangoni Miami” (IMM). За аплицирање сите корисници минатиот месец требало да пополнат апликација во која ќе приложат и своја дизјанирана дигитална модна колекција.

„Но, ја надминува и модата. Во дигиталниот свет може лесно да се започне кариера на архитект или пеач, танчер и друго. Понатаму можно е да има и враќање на мртвите личности повторно во живот со креирање 3Д аватари кои ќе бидат анимирани со помош на вештачка интелегенција. За некои луѓе е сè уште многу далечно поврзувањето со метаверзумот и неговото значење бидејќи скоро стана популарна тема, но јасно е дека веќе започна изнаоѓањето и популаризирањето на важни елементи кои ќе бидат дел од него“, пишува Би-би-си.

Фото: Enrique ortega miranda, Unsplash

Инаку, поимот „метаверзум“ прв пат се промовираше кога големата компанија „Фејсбук“ го промени своето име во „Мета“ и потоа ја сподели својата визија за следните проекти кои ќе ја сочинуваат изградбата на метаверзумот што претставува дигитален свет за можности согласно понатамошниот развој на технологијата и дигитализирањето на светот.