Медицинска сестра осомничена за кражба на 400 ампули „диазепам“

Прилепската полиција поднесе кривична пријава против 44-годишната К.Ч., вработена како медицинска сестра во локалната болница, осомничена дека украла 400 ампули „диазепам“, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Според пријавата, осомничената се товари за проневера во службата.

Како што информираат од МВР, К.Ч., вработена како медицинска сестра во болницата „Борка Талевски“, во текот на 2014 и на 2015 година противправно присвоила 400 ампули „диазепам“ кои ѝ биле доверени во службата.

Од МВР додаваат дека станува збор за специфичен вид лекарства на кои цената на нелегалниот пазар им е многу висока.