Манчестер јунајтед го бара Серхио Рамос во замена за Де Геа

Манчестер јунајтед притиска да го донесе на „Олд Трафорд“ 29-годишниот Серхио Рамос од Реал Мадрид, како дел од договорот, во кој се споменува и името на голманот на „црвените ѓаволи“, Давид де Геа, кој, доколку се остварат последните шпекулации на британските медиуми, можно е да замине во Шпанија.

Тимот на Рафаел Бенитез бара 46,5 милиони фунти за Рамос, а најверојатно очекува и надомест, односно Де Геа како замена, пишуваат медиумите на островот.

Според информациите, и самиот Рамос сака да си оди од Реал откако кралскиот клуб не негираше дека имало преговори за негов трансфер во Барселона.

Покрај тоа, 29-годишниот Рамос, наводно, не бил среќен ниту со отпуштањето на поранешниот тренер Карло Анчелоти, ниту со сумата што ја добива во кралскиот клуб, а која, според британските медиуми, Манчестер јунајтед ќе може да си ја дозволи.