Макрон го назначи Мишел Барние за нов премиер

Барние претходно изјави дека сака да се врати на водечката улога во француската политика

https://commons.wikimedia.org/wiki/File:EU_Chief_Brexit_Negotiator_Michel_Barnier_(48942887721).jpg

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска го назначи поранешниот еврокомесар Мишел Барние за нов премиер.

Макрон побарал од Барние, поранешниот француски министер за надворешни работи и преговарач на ЕУ за Брегзит, „да формира влада на национално единство во служба на земјата“, јавуваат француските медиуми.

Тој ги водеше преговорите со владата на Обединетото Кралство помеѓу 2016 и 2019 година, а како ветеран на Конзервативната Републиканска партија, тој има долга политичка кариера и извршувал различни високи функции и во Франција и во ЕУ.

Барние претходно изјави дека сака да се врати на водечката улога во француската политика. Откако беше потпишан договорот со Обединетото Кралство по Брегзит, тој рече дека сфатил дека му недостига Франција и дека сака да биде „корисен“ во француската политика, пишува Гардијан. 

„Никогаш не сум бил технократ, отсекогаш сум бил политичар“, рече Барние кога се обиде да стане претседателски кандидат.

На 73 години, Барние станува најстариот премиер во историјата на модерна Франција.