Љубе Бошкоски слави со сопартијците и со роднините во Челопек

Претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, ја прославува слободата во неговото родно село Челопек. Фотографијата е снимена во атарот на црквата „Свети Никола“, пренесе „Сакам да кажам“.

Љубе Бошкоски замоли да не биде вознемируван од медиумите и засега ќе се воздржи од изјави за јавноста.

На ручекот во дворот на црквата се дојдени 60 претседатели на општинските комитети на неговата партија од цела Македонија. Во Челопек се и бројни роднини и пријатели на Љубе.

Љубе Бошковски, кој издржуваше затворска казна пет години, вчера беше пуштен од затворот во Идризово.

Тој беше уапсен на 5 јуни 2011 година, пред ресторанот „Воденица“ во Скопје, со обвинение за незаконско финансирање на предизборната кампања. Беше осуден на пет години затвор.