Кремљ не ја исклучува можноста за телефонски разговор меѓу Обама и Путин

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска не ја исклучи можноста за телефонски разговор меѓу американскиот претседател Барак Обама и претседателот на Русија, Владимир Путин.

– Не ја исклучуваме таквата можност. Во случај лидерите да се договорат по дипломатски канали, секако дека таквиот разговор може да се случи ако е неопходен – рече Песков.

Песков, сепак, рече дека засега нема никаков договор.

– Во секој случај, Москва повеќепати изјави дека го поздравува дијалогот на кое било ниво – рече претставникот на Кремљ.