Комплексот кај Ректоратот на УКИМ утре без вода

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот па сè до завршување на санацијата на дефектот

фото: Мета.мк

Комплексот на општествени факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје утре од 9 часот наутро ќе остане без водоснабдување. За ова информираше Јавното претпријатие Водовод и канализација – Скопје.

Од таму велат дека причината за прекинот на водоснабдување е уличен дефект ф-150 мм на булеварот „Гоце Делчев“ во близина на Правниот факултет при УКИМ.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 часот па сè до завршување на санацијата на дефектот.

Во овој комплекс на УКИМ, покрај Правниот, се наоѓаат и Економскиот, Филолошкиот и Филозофскиот факултет.