Казна од 6.000 евра поради гласна музика и бучава за кафе-барот „Интермецо“ во Капиштец

Општина Центар соопшти дека по бројните поплаки од граѓаните кои живеат во близина на кафе-барот „Интермецо“ во Капиштец, кои се жалеле на бучавата и гласната музика која се слуша од локалот, општинската Инспекција за животна средина на кафе барот, поради гласна музика му изрекле мандатна глоба во висина од 6.000 евра во денарска противредност.

„Проблемот со гласната музика и бучавата од конкретниот локал се јавува веќе неколку години наназад и по сите претходно преземени мерки, односно опомени, мерења на децибелажата и предупредувања, Општина Центар изрече казна.
Општина Центар нема да дозволи некој, со своето неодговорно однесување да го вознемирува населението и затоа апелира до сите сопственици, менаџери и управи на локалите на територија на општината, да се придржуваат до правилата и законските одредби за бучава и да не ги надминуваат дозволените нивоа на бучава.
Општина Центар укажува дека ќе продолжи со санкционирање на локалите кои нема да го почитуваат Законот“, се вели во соопштението од општинската управа.