Искршени изложните стакла на штабот на Беса во Слатино, Тетовско

Партискиот штаб на Беса во селото Слатино, Тетовско, утринава бил цел на вандалски напад. Искршени се изложните стакли на објектот каде е сместен штабот, а од Беса за овој инцидент ги обвинија партиите на власт.

– Очигледно е дека партиите на власт, соочени со поразот што ги очекува на 11 декември, прават сè за да ја спречат победата на Беса на овие избори. Но, бадијала им е сè, ние нема да одговориме на ваквите провокации, големиот пораз ги очекува на престојните избори – изјави кандидатот за пратеник на партијата во шестата изборна единица, Амир Елези.

Елези додаде дека нивните членови секојдневно се соочувале со притисоци и со закани од партиите на власт.