Град Скопје ќе ги чисти спомениците

Од утре, Град Скопје ќе почне со чистење на спомениците во паркот Жена-борец и на плоштадот Македонија, што се во надлежност на оваа институција.

Од Градот информираат дека за оваа намена ангажирале фирма за одржување и за чистење на спомениците.

Спомениците и фасадите кои се дел од проектот „Скопје 2014“ беа цел на „Шарената револуција“. Активисти и поддржувачи на „Шарената револуција“ со боја фрлаа по спомениците.