Ѓорѓи Топаловски осуден на осум години затвор

Кривичниот суд го осуди Ѓорѓи Топаловски на осум години затвор за убиството што го извршил во 2007 година кај Зоолошка градина во Скопје.
Топаловски, на 22 ноември 2007 година, откако претходно бил физички нападнат, со пиштол ги уби Новица Благоевиќ и Андреј Филип од Скопје. Тој не беше спроведен од притвор од Шутка да ја чуе одлуката на Судот и останува во притвор до правосилноста на пресудата.
По убиството Топаловски побегна од државата, но беше фатен во април годинава и екстрадиран од Шпанија.