Франција ќе прима по 400 мигранти месечно

Франција ќе прима по 400 мигранти од Грција месечно, според одлуката на Европска Унија за квотите, односно за поделба на мигрантите по земјите членки на ЕУ, изјави францускиот министер за внатрешни работи, Бернар Казнев.

Земјите членки на ЕУ требало да прифатат 160.000 бегалци, од кои 30.000 требало да прифати Франција. Најголем дел од државите прифатиле многу помалку од договорениот број мигранти.

Франција се обидува да организира „адекватно сместување“ за барателите на азил, а за тоа време тие поставуваат импровизирани кампови околу Париз.