ЕУ најави помош за Италија за намалување на бројот на мигрантите

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, соопшти дека Европската Унија договорила зголемување на финансиската помош за Италија за напорите да се спречат мигрантите да дојдат до Европа преку Средоземно Море.

Туск рекол дека ЕУ обезбедила „доволно финансии“ за Италија и дека Европската комисија ќе обезбеди парите да одат за борба против „илегалната миграција“.

Тој додаде дека постои „вистинска шанса“ да се затвори централната средоземна рута.

Италија годинава успеа да го намали бројот на мигрантите кои илегално пристигнуваат на нејзиниот брег, со испраќање морнарица на либискиот брег за да ѝ помогне на локалната крајбрежна стража.