ЕУ драстично го ограничува користењето најлонски кеси

ЕУ го ограничува бројот на тенките најлон-кеси. Досега секој жител на земја на унијата годишно трошел во просек по 200 кеси, а до 2020 овој број ќе биде намален на 90.

Европскиот парламент изгласа директива со која се ограничува користењето на тенките најлонски кеси.

Се проценува дека жителите на унијата употребуваат околу 100 милијарди кеси, а од нив околу осум милијарди завршуваат во природата.

Според новиот попис, секоја членка на ЕУ до 2019 година можно е да им забрани на трговците бесплатно да делат тенки кеси.

Ирска во 2002 година воведе данок за пластични кеси и така ја намали нивната употреба за 90 отсто.

Најмногу кеси трошат балтичките земји, потоа Унгарија, Полска Словачка и Словенија – 466 по жител.