Ердоган во историска посета на Атина, ќе се сретне со Мицотакис

На средбата на Ердоган со Мицотакис ќе присуствуваат и министрите за надворешни работи на двете земји, како и врвни дипломати

Атина. Photo by Cristian Bagnarello from Pexels

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган неделава ќе престојува во Атина на средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. И Грција и Турција имаат очекува од средбата неделава, пишува грчкиот весник Екатимерини.

На средбата на Ердоган со Мицотакис ќе присуствуваат и министрите за надворешни работи на двете земји, како и врвни дипломати. Екатимерини пишува дека е тешко изводливо Грција и Турција во 2024 година да успеат да постигнат договор за спорните прашања, вклучувајќи го суверенитетот над водите и воздушниот простор на одредени територии, кои предизвикуваат спорови подолго време меѓу двете земји. Досегашните билатерални разговори не доведоа до решавање на спорните прашања.

Грчките официјални лица веруваат дека Турција сака да продолжи со меѓусебната комуникација што беше возобновена во февруари 2023 година, но и дека можностите за компромис се минорни. Очекувањата се дека Мицокатис и Ердоган од Атина ќе потпишат заедничка изјава за посветеност на двете земји за разрешување на спорните прашања.