Две иницијативи во Собранието за повлекување на аболицијата

До Собранието денеска треба да пристигнат две иницијативи за повлекување на аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов.

ДУИ најавува дека ќе предложат амандмани за дополнување на Законот за помилување со кои претседателот ќе има право да ја укине аболицијата за сите 56 лица или одделно да ја повлекува на барање на лицата што ги помилува.

СДСМ бара Законодавно-правната комисија преку автентично толкување на Законот за помилување да донесе решение дека членот 11 од Законот за помилување не постои и по таа основа Иванов не можел да донесе одлука за помилување.