ДТИРЗ: За странски инвестиции во 2020 исплатени над 10 милиони евра државна помош

-

Дирекцијата за технолошко развојни зони, ДТИРЗ, информира дека во 2020 година се исплатени над 10 милиони и 600 илјади евра на 29 компании за реализација на нивните инвестиции во зоните. Тоа е 94,4 отсто од предвидената државна помош за изминатата година, исплатена на странските инвеститори во земјава.

„Дополнително е одобрена и предвремена исплата на обврски кон две компании, „Костал“ и „Гентерм“, кои предвреме ги постигнале планираните инвестиции и таргети за вработување. Вкупниот износ исплатен кон овие две компании е 51,2 милиони денари, средства обезбедени со одлуката на Владата од декември 2020 година“, соопштуваат од ДТИРЗ.

Во изминатата година ДТИРЗ има реализација од 96 отсто од планираниот буџет. Во делот на капиталните инвестиции има 100 отсто реализација и за таа цел се исплатени 5,5 милиони евра. Најголем дел се инвестирани во сообраќајна инфраструктура и асфалтирање, гасоводната инсталација, хидротехничката инфраструктура, водоснабдителен систем и со целокупната потребна пропратна инфраструктура – атмосферска и фекална канализација, улично осветлување.

Како што соопштуваат од ДТИРЗ, за годинава се подготвува инвестициски циклус од 15 милиони евра во основна инфраструктура во повеќе зони. Истовремено во соработка со Светската банка, ДТИРЗ ќе креира и „посебен стратешки инвестициски фонд“ преку кој државата и приватните инвеститори заедно ќе вложуваат во посебни проекти за развој во инфраструктура. Со него ќе се инвестира и во постојните индустриски зони во општините, каде поголемиот број од компаниите се домашни. Дирекцијата воведува и нов пристап во привлекувањето на инвестиции, според кој и домашните компании ќе ги уживаат истите услуги, поддршка и привилегии како и странските.

МВР: Не паркирајте без потреба утре вечер кај салата „Борис Трајковски“

Утре со почеток во 20 и 30 часот во спортскиот центар "Борис Трајковски", ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК од Грција, што ќе биде причина...

Државниот врв со честитки за Денот на просветителите Св. Кирил и Методиј

Денескa Македонија го слави Денот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј. По тој повод политичарите испратија јавни честитки, во кои нагласуваат дека преку нивната посветеност и визија, светите браќа го...

Семејствата на жртвите во клубот “Пулс” ќе бидат повикани да се приклучат кон кривичниот прогон

Јавните обвинители кои постапуваат во истрагата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс” започнуваат да сослушуваат претставници на семејствата – законски застапници на починатите, информира Јавното обвинителство. Како што објаснуваат...

Два случаја на мајмунски сипаници, не значи дека во најава е некаква пандемија

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на 22 мај информираше дека во земјава се потврдени првите два случаја на мајмунски сипаници. Двата пациенти суспектни на мајмунски сипаници, од Клиниката за кожни болести,...

МВР: Не паркирајте без потреба утре вечер кај салата „Борис Трајковски“

Утре со почеток во 20 и 30 часот во спортскиот центар "Борис Трајковски", ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК од Грција, што ќе...