Десет нови случаи на ковид-19 од 2.960 тестирања, оздравени пет, а починато едно лице

Фото: Prasesh Shiwakoti (Lomash) on Unsplash

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.960 тестирање, а регистрирани се 10 нови случаи на ковид-19: Скопје – 5, Тетово – 4 и Битола – 1.

Регистрирани се 5 оздравени пациенти од: Скопје – 3, Крива Паланка и Берово – по 1. Во изминатово деноноќие регистриран е еден починат пациент од Струмица (64г), во болнички услови .

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.770, бројката на оздравени пациенти е 150.123, на починати е 5.487, а бројот на активни случаи изнесува 160.