Денеска 223 нови случаи на ковид-19, пријавени се 4 починати лица

Фото: Mufid Majnun on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.365 тестови, а регистрирани се 223 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во: Скопје – 131, Прилеп – 19 и Битола – 15. Од вкупниот број на позитивни случаи (223), регистрирани се 37 реинфекции.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица: две починати лица од Скопје (74г и 75г) и едно починато лице од Струмица (82г). Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од Тетово (78г) на 24.02.2022.

Од вкупниот број на починати лица, кај сите лица се регистрирани коморбидитети.

Регистрирани сe 174 оздравени пациенти од ковид-19 во изминатово деноноќие.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.642, бројот на оздравени пациенти е 287.692, на починати е 9.079, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 2.871.