Денеска 1.348 нови случаи на ковид-19, пријавени се 145 реинфекции и 8 починати лица

Фото: CDC on Unsplash

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.141 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во Скопје – 677, Битола – 125 и Куманово – 82. Притоа, од вкупниот број на позитивни случаи денеска, регистрирани се 145 реинфекции, односно пациенти коишто претходно прележале ковид-19.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 4 починати лица од Скопје (55г, 76г, 76г и 82г), и по едно починато лице од Прилеп (64г), Битола(77), Струмица (60) и Демир Хисар (71). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Регистрирани сe 784 оздравени пациенти од ковид-19 во изминатово деноноќие.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 244.632, бројот на оздравени пациенти е 220.400, на починати е 8.100, а бројот на активни случаи на ковид-19 изнесува 16.132.