Декември носи неколку новитети во светот на гејмингот

Што се однесува до „Вичер 4“, повеќе од половина од вработените девелопери во полската фирма за видео игри „CD PROJEKT RED“ ги насочуваат своите напори на проектот наречен „Поларис“, за којшто, кога беше најавен, се мислеше дека ќе биде приказна за Сирилила (Сири). Инаку, напорите за овој проект се големи - главниот девелопер Адам Кицињски најави дека до средината на следната година над 400 девелопери ќе работат на „Поларис“

Илустрација: CD PROJEKT RED

Декември донесува неколку новитети во гејминг светот. CD PROJEKT RED ги насочи повеќето ресурси во изработката на „Witcher 4”, Genshin Impact ја заокружи приказната за продолжението на „Fountain“, Близард најавија свежи вести за третата сезона на Диабло 4… Исто така, протекоа информации дека правеле неофицијална анкета дали играчите би платиле околу 100 евра за првата експанзија.

Хидео Коџима, човекот што стои зад играта Death Stranding, ја промовира најновата аниме серија за возрасни на Нетфликс, наречена Blue Eyed Samurai (Синоокиот самурај) нарекувајќи го Аниме на годината.

Трејлер:

Оваа серија користи музика и од бендот Mеталика, а сценариото е напишано заеднички од брачниот пар тимски од Мајкл Грин и Амбер Ноизуми, односно станува збор за француско-американска продукција. Мајкл Грин е сценаристот на филмовите „Логан“ и „Блејд Ранер 2049”, продуцент на серијата за Супермен „Смолвил“, а работел и на филмот „Зелениот фенер“. Сцените во серијата се со врвна анимација и ефекти, а борбите се крвави и донесени до епско ниво. Приказната има сличен мотив како „Мулан“, но оваа јапонска серија носи многу повеќе сериозност и суровост.

Најновите вести за иднината на Диабло 4 се изнесени во следново видео што излезе вчера:

Инаку, девелоперите неколку пати повторија дека Диабло 4 нема да има „Pay For Power“ (Плати за да станеш помоќен), што не е најдобро пречекано од играчите – бидејќи третата сезона ќе биде во сурова зима и со нов лик што ќе ве води низ приказната, којшто е бард. Најавен е и ексклузивен „Aспект” што ќе биде само третата сезона. Исто така, протекувањето дека се испитувал пазарот дали играчите би платиле околу 100 евра за целосна експанзија предизвика негативни реакции, а со најавата дека ќе се внесе бард, се појавија и шпекулации дали ќе има нова класа „бардови“.

Геншин Импакт конечно создаде завршница на целата детективска приказна, прикажана во продолжението „Fountain“, за кое имаме и посебен напис. По многу интриги и следење траги и поврзување на кажаното во истрагата што ја правите во играта, крајот не разочарува – но се открива интересен заплет и објаснување.

Оваа игра е особено популарна кај децата и е една од најдобрите бесплатни игри.

Што се однесува до „Вичер 4“, повеќе од половина од вработените девелопери во полската фирма за видео игри „CD PROJEKT RED“ ги насочуваат своите напори на проектот наречен „Поларис“, за којшто, кога беше најавен, се мислеше дека ќе биде приказна за Сирила (Сири). Инаку, напорите за овој проект се големи – главниот девелопер Адам Кицињски најави дека до средината на следната година над 400 девелопери ќе работат на „Поларис“, а и воедно и на продолжението на Cyberpunk 2077, наречено „Орион“.

Се шпекулираше дека ќе има и епизодно појавување на ликот Сирила (Сири) во Сајберпанк “универзумот”, како дел од патување во други димензии. Сепак, ќе треба да се почека за да се види што навистина ќе има во проектот „Поларис“. Кога беше најавен, беше нагласено дека развивањето на играта ќе трае отприлика три години, па по сѐ изгледа ќе треба многу да чекаме. Сепак, се очекува одлична игра.