Честитки до Пендаровски од Столтенберг, Хан и Курц

Фото: Борче Поповски

Честитки за новиот претседател, Стево Пендаровски, стигнаа и од еврокомесарот Јоханес Хан, Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, но и од австрискиот канцелар Себастиан Курц.

„Со нетрпение очекувам континуирана соработка за ЕУ-агендата во контекст на минатогодишните заклучоци на Советот кои го отворија патот кон старт на преговорите за членство во јуни“, напиша Хан на Твитер, додавајќи дека Македонија може да смета на континуирана поддршка од ЕУ за европската перспектива на земјата, во согласност со аспирациите на народот.

 

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, му порача на Пендаровски дека со нетрпение ја очекува заедничката соработка, со Северна Македонија како 30-та членка на НАТО. Пендаровски беше извесен период национален координатор за НАТО, односно човек што тесно соработуваше со Столтеберг.

 

„Честитки до Стево Пендаровски за победата на претседателските избори, со нетрпение чекам да работам за вас за прием на Северна Македонија како триесетта членка на НАТО“, напиша Столтенберг.

Австрискиот канцелар Себастиан Курц, пак, вети поддршка на патот кон членството во ЕУ.

„Честитки за новоизбраниот претседател на Северна Македонија Стево Пендаровски. Ќе продолжиме да ја поддржуваме вашата земја на патот кон членство во ЕУ“, напиша Курц.