понеделник, 8 декември, 2025
Meta.mk

Македонската сликовница „Нела Смела и Бушавата Бура“ објавена на хрватски и словенечки

29 август 2025

Сликовницата „Нела Смела и Бушавата Бура“ на македонските авторки, писателката Билјана С. Црвенковска и илустраторката Катерина Николовска е преведена на хрватски и словенечки. Хрватскиот превод “Nela Smjela i čupava bura”, е дело на младата преведувачка Магдалена Кукиќ, која е и една од семинаристките на летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, […]

Филмот „МАЈКА“ на Теона Стругар Митевска со светска премиера во Венеција

28 август 2025

Со долг аплауз и стоечки овации, најновиот филм на режисерката Теона Стругар Митевска, „МАЈКА“, имаше светска премиера на 81. Венециски филмски фестивал, отворајќи ја селекцијата „Хоризонти“, соопшти Агенцијата за филм. Филмот ја раскажува интимната приказна за младата Тереза во Калкута, во 1948 година, кога таа чека одобрение од Ватикан да го напушти манастирот и да […]

Phantom Blade Zero и Valor Mortis носат нови промени во Souls жанрот

28 август 2025

На повидок се измени во жанрот Souls, каде новите најави од Gamescom 2025 покажуваат дека игрите со овој сетинг сè повеќе добиваат акциски карактер. Таков е случајот со Phantom Blade Zero и Onimusha: The Way of The Sword, кои комбинираат елементи од јапонски самураи и кинески воини. Воедно, како прва сериозна Souls игра во прво […]

Со премиера на „La Grazia“ започнува 82. Венецијански филмски фестивал

27 август 2025

Со премиера на филмот „La Grazia“ од италијанскиот режисер Паоло Сорентино, денеска започнува 82. издание на Венецијанскиот филмски фестивал. Најстариот филмски фестивал во светот и годинава е домаќин на голем број холивудски ѕвезди, меѓу кои Џорџ Клуни, Џулија Робертс и Двејн Џонсон, како и познати режисери како Гиљермо дел Торо и Кетрин Бигелоу. Филмот „La […]

„Еко свест“ ќе отстрани скршена бетонска бариера од Крива Река, за да се обезбеди слободен тек на реката

27 август 2025

Бетонска бариера која со децении го попречува течението на Крива Река во близина на Крива Паланка, ќе биде отстранета од речното корито. Ова е прво отстранување на речна препрека кое се прави во државата на иницијатива на граѓанската организација Еко Свест, во соработка со Општина Крива Паланка и Државниот инспекторат за животна средина, иако има […]

Најавена е следната експанзија за играта World of Warcraft: Midnight

26 август 2025

Најавена е следната експанзија за играта World of Warcraft со наслов „Midnight“ и конечно во WoW ќе има вистински систем за домување – куќа со имот за секој играч. Не во стил на веќе видените гаризони од експанзијата Warlords of Draneor, туку наменски дом во играта што играчите одамна го чекаат. Има и многу други […]

Најавена е нова Souls игра наречена „La Divina Commedia“

22 август 2025

Најавата за најновата Souls игра во развој наиде на скептицизам според прикажаниот трејлер дека играта нема да изгледа баш така. Насловот на играта е La Divina Commedia според книгата „Божествената Комедија“ од Данте Алигиери, која всушност содржи три дела Чистилиште, Пекол и Рај – но светски познатата целина е само Пеколот. Имам една моја фраза […]

Stars Reach инвентивната нова мрежна игра во изработка собира средства преку Kickstarter програмата

22 август 2025

Stars Reach е мрежна игра од ММО жанрот која ја нарекуваат „Мајнкрафт во Вселена“, игра која е во развој и во моментов сè уште во Kickstarter програма за собирање средства да се доправи играта. Ако ви се допаѓаат игри како Валхајм од игрите за преживување и Star Citizen од игрите со вселена, Star Reach има […]

Age of Empires IV добива своја верзија за PlayStation 5

21 август 2025

Серијалот на стратегии Age of Empires е почитуван и доста игран наслов во Македонија – затоа што уште во првичните игри конкретно Age of Empires 2 во антика имаше имплементирано македонска нација засебна од старите грци и можеа да војуваат меѓусебно. Сега најнаградуваниот наслов – четвртиот дел од играта е во обработка да може да […]

На Шар Планина поставени шест нови дрвени засолништа за планинари

19 август 2025

Националниот парк Шар Планина постави шест нови дрвени објекти кои треба да им послужат сите планинари и љубители на природата како засолниште од лошо време и да придонесат за поголема сигурност. Новата инфраструктура е поставена на локации на Долна Лешница, патот кон планинарски дом Љуботен, под Титов Врв, кон Три Воде, на Рамен Камен и […]

Се наближува времето на целосно правење видеоигри со Вештачка Интелигенција – Пример е играта Palland од Нинтендо

19 август 2025

Полека, полека доаѓа времето кога големите студија веќе почнаа да прават игри со тотална употреба на Вештачка Интелигенција. Примерот со играта Palland од Нинтендо донесе и други контроверзии околу плагитизирањето од страна на девелоперите на Palworld на играта Покемон исто така направена од фирмата Нинтендо. Еве како изгледа Palland: За играта Palworld имаме и претходни […]

Хороскопите како долгогодишна дезинформација: Науката против астрологијата

18 август 2025

Астрологијата со децении има огромна популарност во Македонија и пошироко. Хороскопите редовно се присутни во весници, списанија и на интернет, а многу луѓе ги читаат како дел од својата секојдневна рутина. Иако за многумина тоа претставува забава и начин за релаксација, проблемот настанува кога верувањето во астрологија преминува во сферата на одлучување и влијае врз […]

Нинџа Желките се враќаат во помрачнa верзија со нова видеоигра и филм

18 август 2025

На темата за Нинџа Желки – светски омилениот серијал од цртани филмови за деца во деведесетите, неодамна се најавени нова видеоигра TMNT: The Last Ronin и нов долгометражен филм со истиот наслов, базирани на графичкиот роман од Кевин Истман. Во алтернативен мрачен Њујорк само една нинџа желка има преживеано и го користи псевдонимот Ронин и […]

„Скибиди“, „Делулу“ и „Традвајф“ се дел од зборовите додадени во Кембриџскиот речник

18 август 2025

„Скибиди“, „Традвајф“ и „Делулу“ се меѓу новите зборови што се најдоа во овогодинешниот Кембриџски речник, во избор што го потврдува растечкото влијание на генерацијата на ТикТок врз англискиот јазик, пренесува Гардијан. За оние што се надеваат дека ваквите неологизми ќе бидат минлива интернет лудост, составувачите на речникот велат дека тие се тука за да останат. […]

Денеска е последен ден за бесплатно преземање на играта Road Redemption

14 август 2025

Играта Road Redemption е динамична брза игра со мотори во сетинг како во филмовите „Лудиот Макс“ и е бесплатна за преземање на Epic Games до денеска, 14 август. Но, треба да се напомене дека е оценета 18+ поради експлицитните содржини. Приказната во играта се базира на трка до пари во која учествуваат различни моторџиски банди. […]

75 филма и македонски премиери на годинешниот „МакеДокс“

13 август 2025

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 21 до 28 август на повеќе локации во Скопје – Куршумли-ан, Музеј на Македонија, Сули-ан, МКЦ и „Лабораториум“. Мотото годинава е „Кому му е гајле за реалноста?“, а во рамките на програмата ќе бидат прикажани 75 документарни филма, со околу 100 гости од странство. „Бидејќи […]

Летни попусти на Близард: „Vessel of Hatred Deluxe Edition“ за Diablo 4 со најдобар сооднос цена–содржина

13 август 2025

Секое лето попустите за видеоигри се зголемуваат, а големите издавачи повторуваат и специјални акции на своите наслови. Моментално, до 14 август, на платформата Battle.net може да се купат и главните и споредните игри на Близард по значително намалени цени – попусти кои достигнуваат и до 67 отсто. По проценка на моменталните понуди, најдобрата комбинација за […]

Скопскиот џез фестивал го објави постерот за годинешното издание чиј автор е Ѓорѓе Јовановиќ

13 август 2025

Визуелниот идентитет на годинешното издание на Скопскиот џез фестивал ќе биде постер изработен од уметникот Ѓорѓе Јовановиќ, кој, како што објави самиот на социјалните мрежи, со овој фестивал има повеќедецениска лична врска. „Започнав да одам на концертите на Скопскиот џез фестивал во 1996 година, додека сè уште бев средношколец. Овој фестивал длабоко го обликуваше мојот […]

ХЕРА: Mладите се принудени да бараат перспектива надвор од државата

12 август 2025

Денеска се одбележува 12 август, Меѓународниот ден на младите, а младите во Северна Македонија сè уште живеат во реалност исполнета со системски предизвици, ограничени можности и несигурна иднина – од високото ниво на невработеност, неквалитетно образование, недостаток на младински пријателски здравствени услуги, па сè до слабата институционална поддршка и недостигот на безбедни јавни простори, корупција, […]

Премиера на „Јон Вардар против Галаксијата“ на фестивал во Манила

11 август 2025

Македонскиот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ ќе има премиера во Азија, на 11. издание на „Бакунава“ филмскиот фестивал во Манила, Филипини. „Чест ми е што филмот ќе биде прикажан токму на фестивал кој го носи името на едно  моќно и мистично суштество од фолклорот. Пред десетина години работев на проект каде што главниот негативец […]

Страна 5 од 370