Бројката на ковид пациентите кои се лекуваат во болниците достигна 1.682

Извор на фотографија: Влада на РСМ

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.682 и има околу 230 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство, според податоците добиени во последните 24 часа.

Во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 997 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 112, во Штип 86 пациенти, на инфективното одделение во Тетово 46, во Велес се лекуваат 97 болни, а во Куманово 96 пациенти. Во ковид центарот во Охрид има 110, во Прилеп 138, во Гостивар 43, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица се на лекување 87, во Кочани 32, во Кичево 28, во Кавадарци 79, а во Гевгелија 24 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во ковид центрите во Скопје во последните 24 часа се хоспитализирани 103 нови пациенти, а вкупно 685 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели. На Интерните и хируршки клиники имало 41 прием.

Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 18 приеми на пациенти, 20 на Инфективната клиника, 9 на Клиниката за детски болести, на Институтот за физикална медицина се примени 15 нови болни, а во Козле немало нови приеми. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 86 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 311 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 136 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 39 пациенти, на Клиниката за детски болести се 5 деца позитивни, на ГАК има 9 пациентки, а во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 26 болни.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, информираат од Министерството за здравство.