Бомбардирана детска болница во Алепо, меѓу загинатите и пет деца

Дваесет и едно лице се убиени, од кои пет деца, откако сириската војска изврши воздушен и артилериски напад на источниот дел на градот Алепо, при што погодени се детската болница „Бајан“, банката за крв и возила на итната помош, соопшти Сириската опсерваторија за човекови права.

„Би-би-си“ пренесува дека директорот на болницата се крие во подрумот на здравствениот објект и не може да излезе од него.

Воздушните напади се обновени синоќа во Алепо откако истече тринеделниот мораториум кој го одреди Русија како сојузник на сириската војска.