Бензините поевтинуваат за половина до еден денар

(Фото: finance.bigmir)

Цените на бензините од вечерва на полноќ се намалуваат од половина до еден денар, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.

За еден денар се намалува цената на „еуросупер БС-98“, дизелот и на екстра-лесното масло за домаќинство, а за половина денар цената на „еуросупер БС-95“.

Така, новата цена на „еуросупер БС-98“ ќе изнесува 70 денари за литар, на дизелот 62 денари за литар, а малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ ќе биде 68 денари за литар.

Намалувањето на цените на нафтените деривати се должи на пониската цена на нафтата на светскиот пазар во изминатиот седумдневен период.