Базата на САД во Британија затворена поради безбедносен инцидент

Британската полиција уапси маж кој со автомобил се обидел да влета во американската воздухопловна база на истокот на Англија.

Американската база „Милденхол“ била затворена поради безбедносен инцидент а извори од британското Министерство за одбрана наведуваат дека едно лице е уапсено.

Според првичните информации, еден маж се обидел со автомобил да влета во американската база по што бил уапсен.