Извор: Фејсбук страница на ФФМ

Водителите Клинтон Јетс и Херк Гомез од американската спортска телевизија ЕСПН во нивниот осврт на Европското првенство во фудбал, го избраа дресот на македонската фудбалска репрезентација за најубав на првенството.

Двајцата водители изразија мноштво на пофални зборови за дресот на македонските репрезентативци во вчерашното видео, што ќе претставува уште еден поттик фудбалерите да се покажат во најдобро светло на утрешниот фудбалски меч против Австрија, којшто ќе се одржи во Букурешт.

Македонија за прв пат во својата историја учествува на Европското првенство во фудбал, а токму во текот на утрешниот ден ќе го одиграат историскиот натпревар, од кој и ФФМ и фудбалските репрезентативци, но и македонската јавност, очекуваат победа.