Денеска дожд, ветер и грмотевици

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе бидеме под влијание на нова нестабилна воздушна маса која ќе донесе врнежи од дожд во речиси целата земја. Наместа врнежите ќе бидат поројни, со појава на грмежи, особено во северниот дел од земјава.

Максималната дневна температура во Скопје ќе биде 28 Целзиусови степени.