Со „Јон Вардар против Галаксијата“ вечерва започнува деветтото издание на „Киненова“

Во 20:30 часот е предвидено да започне свеченото отворање, со проекција на филмот „Јон Вардар против Галаксијата“ во режија на Гоце Цветковски. Овој филм е во официјална селекција за награда на Фестивалот

фото: МФФ „Киненова“

Меѓународниот филмски фестивал „Киненова“ вечерва ќе го започне своето деветто издание.

Во Киното Фросина, во Младинскиот културен центар Скопје (МКЦ Скопје) во 20:30 часот е предвидено да започне свеченото отворање, со проекција на филмот „Јон Вардар против Галаксијата“ во режија на Гоце Цветковски. Овој филм е во официјална селекција за награда на Фестивалот.

Годинашен добитник на наградата за особен придонес во светската филмска уметност е австрискиот режисер Улрих Зајдл, кој ќе присуствува на свеченоста и ќе ја прими наградата.

Организаторите за претстојните фестивалски денови најавуваат програма која изобилува со „неверојатни, субверзивни и дефинитивно непознати филмски приказни“ за нашата јавност. Програмата може да се проследи во Киноверзум во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода.

Покрај шесте филма, во главната програма каде ќе има филмови од Израел, Хрватска, Грција, Иран и Црна Гора.