Пристигнаа повеќе од 11.000 дози вакцини против ковид-19

Во Скопје, вакцинацијата ќе се одвива во поликлиника Бит Пазар

Фото: Архива, Мета.мк

Министерството за здравство информира дека се обезбедени нови количини вакцини против ковид-19.

Станува збор за 11.520 дози кои во текот на неделава ќе бидат дистрибуирани до здравствените домови.

„За таа цел, сите заинтересирани граѓани кои сакаат да примат вакцина против ковид-19, може да се обратат до најблискиот здравствен дом“, информира Министерството за здравство.

Во Скопје, вакцинацијата ќе се одвива во поликлиника Бит Пазар. Вакцините се наменети за возрасни и адолесценти над 12 години.

„Потсетуваме дека вакцинацијата претставува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението од заразни заболувања“, додаваат од министерството.