Министерството за здравство информира дека се обезбедени нови количини вакцини против ковид-19.
Станува збор за 11.520 дози кои во текот на неделава ќе бидат дистрибуирани до здравствените домови.
„За таа цел, сите заинтересирани граѓани кои сакаат да примат вакцина против ковид-19, може да се обратат до најблискиот здравствен дом“, информира Министерството за здравство.
Во Скопје, вакцинацијата ќе се одвива во поликлиника Бит Пазар. Вакцините се наменети за возрасни и адолесценти над 12 години.
„Потсетуваме дека вакцинацијата претставува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението од заразни заболувања“, додаваат од министерството.