Утрово почина 14-месечно бебе на Детска клиника, имало тешка респираторна инфекција

Телото на бебето е пратено на обдукција, по што ќе се утврди точната причина за смртта, а Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) ќе спроведе вонреден инспекциски надзор во „Козле“ и Детската клиника

-

Утрово почина 14-месечно бебе на Детската клиника при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Тоа било хоспитализирано со тешка респираторна инфекција, со засегнати витални функции и во тешка општа здравствена состојба, по што ситуацијата набрзо се влошила и бебето починало, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Детето било лекувано во Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата во Козле и на Клиниката за детски болести. Телото на бебето е пратено на обдукција, по што ќе се утврди точната причина за смртта, а Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ) ќе спроведе вонреден инспекциски надзор во „Козле“ и Детската клиника.

„Со цел да се утврди вистинитоста за евентуални пропусти во лекувањето, надзорот ќе се изврши во присуство на одговорните лица на здравствените установи, како и на лекарите кои учествувале во претходно пружање здравствена заштита. Министерството за здравство во врска со овој случај ќе иницира комисија за стручен надзор во двете здравствени установи“, информираат од МЗ.

Според првичната изјава на таткото на бебето дадена за „Слободен печат“, бебето претходно неколкупати било одбивано за хоспитализација иако неговите родители три пати го носеле во Детската клиника. Директорот на Клиниката, Реџеп Мемеди за „Слободен печат“ потврдил дека бебето починало рано утринава, додавајќи дека се работи на утврдување на причините за смрт.

„Токио Гејм Шоу“ се одржа минатиот викенд

Минатиот викенд се одржа овогодишното издание на „Токио Гејм Шоу, можеби настанот со најинвентивни идеи од светот на видео-игрите. Оваа година целата манифестација пријатно ги изненади сите гејмери ширум...