Франција преку свои експерти ќе помага во процесот на реформи во правосудството

Министерот Филков информира дека од 16 септември започна ангажман на француски експерт, Сесилиа Мароние, која има големо искуство во правосудната област

-

Министерот за правда Игор Филков одржа средба со Амбасадорот на Франција, Н.Е.Кристоф Ле Риголер на која се разговараше за соработката меѓу двете земји во областа на правосудството, проектите и реформската агенда, информира Министерството за правда.

Оттаму велат дека амбасадорот Риголер ги поздравил плановите на министерот за реформи и изразил подготвеност Франција да помогне во сите процеси со различна помош, вклучувајќи и експертска, со цел подготовка за членство во Европската унија.

Во таа насока, министерот Филков информира дека од 16 септември започна ангажман на француски експерт, Сесилиа Мароние, која има големо искуство во правосудната област.

„Од наша страна се обезбедени сите предуслови за овозможување на нејзина непречена работа“, изјави Филков.

Како особено значајна беше истакната и соработката со судијата за врска што е во Белград и аташето за внатрешна безбедност на Скопје кои со своите активности помагаат во спроведувањето на реформите.

На средбата се дискутирало и за законодавната агенда на Министерството за правда, најавите за отпочнување јавни расправи за Предлог измените на законите за Судски совет и за Јавно обвинителство, како и за Развојната секторска стратегија за правосудството( 2024-2028).

Станарите од опожарената зграда во Чаир не знаат кога ќе се вратат дома, бараат одговори од надлежните

Пожарот кој вчера ја зафати зградата на ул. „Прохор Пчински“ утрово беше изгаснат, но станарите сè уште немаат одговори во однос на тоа што го предизвикало пожарот, колкава е...