Регистрирани 34 нови случаи на голема кашлица

Од вкупниот број регистрирани случаи – 631, 379 односно 60,1 отсто не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација

-

Од 17 до 23 мај имало 34 нови случаи на голема кашлица, што е намалување од 22,7 отсто споредено со претходниот седмодневен период, кога беа евидентирани 44 новозаболени, покажува новиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Од новите 34, три случаи се хоспитализирани.

Најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје – 27, а пријавени се и четири случаи од Тетово и по еден од Прилеп, Кичево и од Велес.

Возраста на заболените се движи од еден месец до 73 години.

Заклучно со 23 мај, во Република Северна Македонија се регистрирани вкупно 631 случај на голема кашлица.

Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период – од 2019 до 2023 година, кога биле регистрирани вкупно 10 случаи.

Дистрибуцијата по пол покажува дека 297 лица се од машки, а 334 од женски пол. – Епидемиската крива укажува дека појавувањето на нови случаи на голема кашлица започнува во првата недела од 2024 година.

Од вкупниот број хоспитализирани лица, 85 се испишани. Во просек, заболените биле хоспитализирани по девет дена.

Во тек се две епидемии пријавени во ниво на територијата на Скопје и на Куманово.

Од вкупниот број регистрирани случаи – 631, 379 односно 60,1 отсто не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација.

Од случаите кои се комплетно вакцинирани – 201, просек на поминато време од последната доза вакцина до заболување изнесува 12,4 години, заклучуваат од ИЈЗ.

„Токио Гејм Шоу“ се одржа минатиот викенд

Минатиот викенд се одржа овогодишното издание на „Токио Гејм Шоу, можеби настанот со најинвентивни идеи од светот на видео-игрите. Оваа година целата манифестација пријатно ги изненади сите гејмери ширум...