Ковачевски и Донев разговарале за зголемување на капацитетот на гасоводот

Фото: Влада на РСМ, 29 октомври 2022

Премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Галаб Донев, на денешната билатерална средба, поврзана со почетокот на рехабилитацијата и целосната изградба на пругата од Куманово до границата со Бугарија, разговарале и за зголемување на капацитетот на засега единствениот гасовод во земјава, кој е продолжение на бугарскиот гасовод.

„На билатералната средба помеѓу премиерите Ковачевски и Донев се говореше и за можностите за проширувањето на капацитетите на гасоводот и продлабочена соработка која ќе обезбеди справување со последиците од енергетската криза која го засега цел Европски континент“, соопшти владата.

Фото: Влада на РСМ, 29 октомври 2022