Ракета го прекина извештајот за примирјето во Украина

Дописникот на „Би-Би-Си“ од Украина, Иан Панел, за малку ќе загинел додека известувал од уништениот аеродром во Донецк.

Екипата на британската телевизија го посетила аеродромот на вториот ден од воспоставеното примирје за да го сними последиците од борбите.

Во моментот кога Панел го спомнал примирјето, се слушнале експлозии, а неколку секунди подоцна ракета ја погодила зградата, на неколку десеттина метри од телевизиската екипа.