Во Охрид за една недела регистрирани се 42 лица со ковид-19

Во периодот од 10 до 16 октомври, земени се материјали (брис од грло и нос) за тестирање на присуство на ковид-19 од вкупно 147 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје, информираат од Центар за јавно здравје Охрид.

„Од вкупно земените материјали, 84 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 63 материјали се земени при тестирањето со упат од матичен лекар – Мој термин. Од вкупно тестираните лица во сите лаборатории во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на ковид-19 кај вкупно 79 лица и тоа кај 42 лица од општина Охрид, кај 27 лица од општина Струга и кај 10 лица од општина Дебар“ појаснуваат ЦЈЗ Охрид.

Оттаму дополнуваат дека во овој период оздравени се 6 лица од Охрид, 6 од Струга и 1 лице од Дебар. Додека пак, починати се 3 лица од Струга.

Во моментов активни случаи во Охрид се 78, во Струга 69, а во Дебар 43.