Невистинита изјава на Мустафа за „последниот состанок” со Самоопределување

Лидерот на Демократската лига на Косово (ЛДК), Иса Мустафа, на прес-конференција на 15 јануари (2020) рече дека ќе има само еден состанок со Движењето Самоопределување (ДС) за да го потпише договорот. Калѕо (kallxo.com – кој работи на проверка на фактите и е производ од соработката меѓу БИРН Косово и Интерњуз Косово) ја провери ова изјава на Мустафа и заклучи дека Мустафа не го одржа зборот.

Имено, Мустафа има одржано уште три средби со лидерот на ДС, Албин Курти, но нема договор или заклучок дека двете партии ќе постигнат согласност. Двете страни предупредуваат дека може да има и други состаноци со оглед на тоа што нивните ставови сè уште не се усогласени.

Затоа, Калѕо (kallxo.com), ова изјава на Иса Мустафа ја оцени како невистина.