fbpx

Петмина загинати во судир на „рено 5“ и камион за ѓубре кај Драчево

-

Во тешка сообраќајна несреќа што се случила во близина на Драчево 15-тина минути пред полноќ, загинале пет лица кои биле во автомобил што удрил во камион за ѓубре.

Како што соопшти Основното јавно обвинителство Скопје, дежурен јавен обвинител извршил увид и според првичните сознанија, автомобилот „рено 5“ со скопски регистарски таблички во коj се превезувале жртвите од непознати причини преминал на спротивната лента на коловозот и директно се судрил со камионот за превоз на отпад.

Од здобиените повреди починале сите патници во автомобилот, тројца мажи и две жени.

Надлежниот јавен обвинител издал Наредба за обдукција на телата на починатите, а ќе се врши и сообраќајно-техничко вештачење за да се утврдат причините за несреќата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е вистина дека Груби на Фејсбук ги нарекол политичките противници „копилиња“

Груби зборува за ѓаволштини или уште може да се преведе како мајмунлаци, а не за „копилиња“ како што сака да прикаже објавата што ја анализираме. Точно е дека Фејсбук...