Вонредна седница на владата за уставните измени

Владата денеска во 16 часот ќе одржи вонредна седница на која што единствена точка на дневен ред ќе биде – Предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Македонија.

Засега е непознато дали Владата обезбедила двотретинско мнозинство во парламентот за уставни измени со цел применување на Договорот од Преспа.