ВМРО-ДПМНЕ: СЈО и СДСМ прават дефокус од гневот на народот

Двете реакции на СДСМ и на СЈО на утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат дека авторот што стои зад нив е еден ист, се вели во контрареакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа е уште еден доказ дека помеѓу СЈО и СДСМ има знак на еднаквост. СДСМ тоне и е во паника. Видоа дека нивната антидржавна и антинационална политика не поминува кај народот. Сосема очекувано беше политичкото активирање на СЈО преку неиздржани предмети, за да врши притисок врз медиумите и да направи дефокус од револтот и од гневот на народот кон тиранската платформа, кој секојдневно се слева на улиците. Нема да ви помине“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

СЈО, во својата реакција, ги отфрли наводите на ВМРО-ДПМНЕ дека е поврзано со СДСМ, истакнувајќи дека е независна и професионална институција, за чие формирање во Собранието гласаа 111 пратеници, меѓу кои и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.