недела, 14 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: Тиранска платформа | 55 резултати

Договорот со Бугарија стана нова тиранска платформа во наративот на ВМРО-ДПМНЕ

8 јули 2017

По шест месеци постојано споменување на декларацијата потпишана од албанските политички партии, ВМРО-ДПМНЕ веќе не кажува ниту збор за т.н. тиранска платформа ниту во Собранието, каде што им беше омилена тема, ниту преку редовните официјални партиски соопштенија, прес-конференции и изјави. За време на филибастерот во законодавниот дом пред два месеци, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ наместо да дебатираат […]

ВМРО-ДПМНЕ: Нема нови проекти – првата мерка на СДСМ е уривање

6 јуни 2017

Нема нови проекти, нема подобрувања, нема нова додадена вредност за граѓаните. Првата мерка на Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година беше законот за отпис на долгови, а првата мерка на СДСМ во 2017 година е уривање на нешто што е веќе изградено, порачува ВМРО-ДПМНЕ во своето редовно утринско соопштение денеска. Партијата порачува дека граѓаните се против […]

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не сакаат политичари кои лажат

25 мај 2017

ВМРО-ДПМНЕ прашува каква е состојбата со двојазичноста, поради контрадикторноста на тоа што го кажува Зоран Заев и портпаролот на Алијанса за Албанците. „Кој лаже, Зоран Заев или Арбен Таравари? Кој ги манипулира гласачите и народот, Алијанса за Албанците или СДС?     Дали лаже Таравари кога вели дека побарале двојазичноста да се реализира експресно и Заев […]

ВМРО-ДПМНЕ: Џафери ја почна двојазичноста

13 мај 2017

Нелегално избраниот претседател на Собранието, Талат Џафери, поддржан од СДС, почна да го применува албанскиот јазик како јазик на кој Собранието се обраќа до јавноста, покрај македонскиот, давајќи ни само мал поглед како ќе се одвива и ќе се имплементира двојазичноста на дело, обвини ВМРО-ДПМНЕ. Партијата вели дека Џафери кажал „дека нема намера да го […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев нема да успее во реализацијата на тиранската платформа

11 мај 2017

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Зоран Заев го претворил СДСМ во „криминално-мафијашка структура“. Партијата нагласува дека пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, се фотографирал со дел од членовите на семејството Гаци, кои, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, „се познати по брутални криминали на Косово“ и порачува дека овој пратеник „е директната врска на Зоран Заев со структурите […]

ВМРО-ДПМНЕ: Фондот што го ветува СДС е уште една голема лага

10 мај 2017

„Денеска Драган Тевдовски покажа лажно душегрижништво. Фондот што го ветува СДС е уште една голема лага, како што беше вработување по еден човек од секое семејство“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателот на комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски. Од партијата прашуваат „каде беа Тевдовски и СДС кога во време на нивното […]

ВМРО-ДПМНЕ: Се поклонуваме пред хероите што загинаа во Куманово бранејќи ја државата

9 мај 2017

Македонија никогаш нема да ги заборави своите херои, велат од ВМРО-ДПМНЕ во редовното утринско соопштение на партијата, а по повод двегодишнината од настаните во кумановско Диво Насеље, каде во борбите со вооружена терористичка група загинаа осум припадници на македонските безбедносни сили. „ВМРО-ДПМНЕ длабоко се поклонува пред ликот и делото на осумте херои, припадници на безбедносните […]

ВМРО-ДПМНЕ: Џафери, надвор од Рамковниот, сака да ги води седниците на албански јазик

8 мај 2017

ВМРО-ДПМНЕ во денешното утринско соопштение повторно го обвини СДСМ дека продолжува да работи спротивно на волјата на народот, со, како што велат од партијата, обидот нелегално да се избере претседател на Собранието на Република Македонија. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека „нелегалниот претседател на Собранието уште првиот работен ден во својот кабинет постави албанско знаме и кабинетот го […]

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Мисовски и Мухиќ ги испровоцираа граѓаните и мора кривично да одговараат

2 мај 2017

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржал седница на која се расправало за актуелната политичка состојба, информираат од партијата. Оттаму велат дека централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го осудил нелегалниот обид за избор на претседател на Собранието, кој, според партијата, претставува насилство врз институциите, пред сè Уставот, законите и пропишаниот деловник. „Непочитувањето на Уставот е непочитување на […]

Руско МНР: Демонстрантите им се спротивставија на „натрапниците“

28 април 2017

Руското министерство за надворешни работи денеска изрази загриженост за вчерашните насилства во Собранието, а причината за нив ја лоцираше во „обидот на опозицијата преку грубо кршење на процедурите да избере претседател на Собранието“. Како резултат на тоа, велат од министерството, се случил „метеж во кој беа инволвирани демонстранти кои им се спротивставија на ‘натрапниците’, од […]

ВМРО-ДПМНЕ: Насилниот избор на претседател на Собранието е вовед во формирање параинституции

27 април 2017

„Насилниот и криминален избор на претседател на Собранието ќе биде вовед во формирање параинституции, акт што го посакуваат сите негатори на македонската држава“, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека „ќе ги употребат сите демократски средства за да се спротистават на ваквите црни, антидржавни сценарија на криминалецот Заев“. „Послушниците на криминалецот […]

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните бараат нови избори за да го казнат СДСМ

26 април 2017

Граѓаните на Република Македонија бараат предвремени парламентарни избори за СДСМ да си ја добие својата казна, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ во редовното утринско соопштение. Од партијата велат дека „СДС е однародена партија која секој миг е подготвена да ја продаде земјата, националните и државните интереси само за да дојде на власт“. „На Заев и на СДС […]

Денеска нов собраниски обид за деблокада и за трансфер на власта

25 април 2017

Пред почетокот на денешното 18. продолжение на конститутивната седница на Собранието на Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во своите редовни утрински соопштенија ги повторуваат своите позиции за излез од политичката криза. Од ВМРО-ДПМНЕ повикуваат на одржување нови предвремени парламентатни избори, додека СДСМ порачува дека мора да има деблокада на демократските процеси и мирен трансфер на власта. […]

ВМРО-ДПМНЕ: Летањето дронови со мапа на „голема Албанија“ е дел од платформата

24 април 2017

Летањето дронови со знамиња од мапата на голема Албанија е дел од тиранската платформа, чии творци се надеваат дека на тој начин ќе му порачаат на македонскиот народ што го очекува, стои во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму повторно го обвинија лидерот на СДСМ, Зоран Заев, дека е „еден од реализаторите на тиранската платформа“, […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДС мора да ја прифати волјата на народот

22 април 2017

„СДС мора да ја прифати волјата на народот“ и мора да престане да води антимакедонска политика и да се пазари со националните и државни интереси, изјави денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Јовановски. – Граѓаните јасно кажуваат дека тиранската платформа врз која СДС сака да формира влада не смее да се реализира. Народот е […]

ВМРО-ДПМНЕ: Заев молчи и се надева на влада која зависи од „радикалот Села“

22 април 2017

Нема да се реализираат елементите од тиранската платформа затоа што граѓаните ја осудуваат и не гласаа за неа, порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ во редовното утринско соопштение на партијата. Оттаму велат дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во надеж дека ќе се спаси себеси и „криминогената врхушка на СДС околу него од кривичен прогон“ е подготвен да направи […]

Бушати: Имаше договор со Груевски кој беше одбиен од причини неповрзани со Албанија

20 април 2017

Албанскиот министер за надворешни работи, Дитмир Бушати, кој престојува во Вашингтон, негира дека постои „тиранска платформа“ и дека Албанија се меша во внатрешните работи на Македонија. Бушати, кој беше гостин на тинк-тенкот „Германски Маршалов фонд“, одби да одговори на прашањето од американските експерти што значи изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за единство на Косово […]

Собрание: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ меѓусебно си реплицираа и си контрареплицираа

19 април 2017

Како што почна, така и заврши четиринаесеттото продолжение на конститутивната седница на Собранието, во реплики и во контрареплики на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. По паузата за ручек во 15 часот, ниту еден од пратениците на СДСМ не се јави за збор. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ повторно расправаа за тиранската платформа, протестите, државните симболи, а беа спомнати и […]

ВМРО-ДПМНЕ: Народот бара избори, кризата наметната од СДСМ мора да заврши

19 април 2017

Оваа криза наметната од СДС мора да заврши, народот бара избори, на кои ќе се изјасни и ќе знае за што гласа, стои во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Алудирајќи на премиерот на Албанија, Еди Рама, од партијата велат дека човекот што стои зад тиранската платформа продолжува да ја промовира соросовата политика на предизвикување на конфликти, […]

Рама: „Тиранската платформа“ е мит креиран од политичарите

18 април 2017

„Тиранската платформа“ е мит креиран од македонските политичари со лош вкус, а Европа ќе доживее кошмар ако Балканот полуди поради одложувањето на ЕУ-агендата и стане сива зона во која други „актери“ ќе имаат поголемо влијание од ЕУ, порачува албанскиот премиер Еди Рама во интервју за европското издание на влијателниот американска магазин „Политико“. Рама порачува дека […]

Страна 1 од 3